Би било штета да се пропушти сезоната на тиквичките, а да не го испробате ова превкусно јадење. Тиквичките се многу здрави и можат да се приготват на најразлични начини, но овој е нашиот омилен рецепт.

Дури и оние што не се љубители на тиквичките, секогаш бараат по уште едно парче од ова јадење. Многу се сочни и буквално се топат во уста. Испробајте го рецептот на Снежана, еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 6-8 тиквички (во зависност од нивната големина), 2 главици кромид, 500 г мелено месо (мешано или по избор), 3 чешниња лук, 1 јајца, 1 мала шолја сварен ориз

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бешамел: 1.5 супена лажица брашно, малку масло, 500 мл млеко, 5 чаши кисело млеко, малку мирудија/свеж копар и зачини по вкус: сол, црн пипер, сува зеленчукова мешавина, 150 гауда или кашкавал по избор за наросување одозгора

ПОСТАПКА: Кромидот ситно исечкјате го и испржете го на малку масло додека да омекне и застакли. Додајте го меленото месо и продолжете со динстање додека да испари течноста и месото да ја смени бојата. Зачинете по вкус.

Кога ќе се подизлади додајте го претходно сварениот ориз, ситно сечкано или рендано лукче и јајце. Добро измешајте додека состојките убаво да се соединат и изедначат. Оставете настрана додека ги подготвувате тиквичките.

Тиквичките излупете ги, а ако се млади само добро измијте ги, па пресечете ги на половина и издлабете ги, а можете да ги оставите цели и само средината да им ја извадите. Секоја тиквичка малку посолете ја, па наполнете ја со филот.

Направете бешамел сос: на малку масло пропржете го брашното, но внимавајте да не ви потемни, доволно е да запени малку. Потоа полека додајте го млекото и оставете да зоврие смесата со повремено промешување.

Зачинете по вкус и варете го пет минути со непрекинато мешање, па оставете да се олади. Тиквичките наредете ги во плех или огноотпорен сад, па прелијте ги со бешамел сос. Помеѓу тиквичките, во сосот додајте малку од „месото“ на тиквичките, средината која ја издлабивте.

Наросете со мирудија. Гаудата или некој друг кашкавал изрендајте го, па посипете врз тиквичките. Ставете ги во загреана рерна на 180 степени да се потпечат, приближно половина час. Послужете со кисело млеко.

Ова е оброк за петорица, секому му следува по една чаша кисело млеко. Тиквичките во чинијата се прелеваат со киселото млеко, по вкус, обично половина до една чаша, а може да се послужи и посебно. Рецепт на Снежана Бг. / Сооlinarika.сom