Откако еднаш ќе го пробате, овој сок ќе го подготвувате повеќе од еднаш. Одличен е за жешките летни денови бидејќи ќе ве освежи со својот ароматичен вкус. Рецептот го имам одамна, со сопругата го пиеме овој пијалак со децении и оттогаш се немаме разболено. Сопругата го наследи рецептот од нејзината баба, таа го подготвуваше со шеќер, а ние го правиме со мед.

Истиот рецепт го најдов и на каналот „Сасина кујна“ каде се подготвува со шеќер, така што засладувањето на пијалакот секој го прави по вкус. Со сопругата го консумираме наутро по една чаша, а потоа доаѓа кафето и појадокот. Во летниот период го пиеме почесто, понекогаш и по 4-5 чаши. Со овој напиток може да ослабете, бидејќи прочистува и ги исфрла сите токсини од телото.

„Освежителен летен напиток подготвен за неколку минути. Исклучително вкусно, едноставно и навистина освежувачко. Сосема случајно ја смислив комбинацијата за овој сок и оваа комбинација лимон/камилица дефинитивно ќе ве воодушеви со својот вкус, сигурен сум во тоа. Навистина освежува и „ги полни батериите.“

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кесички чај од камилица, 4 лимони, 100 г шеќер (може да се замени со мед), свежи листови нане, лимета, вода по потреба. Од овој напиток излегува голема количина за 4-5 чаши, а доколку ви остане може да се чува во фрижидер.

ПОСТАПКА: Доколку имате листови нане (најдобро е свежи да си ги наберете), скинете ги и одделете ги по едно ливче. Ставете по едно ливче нане во секоја коцка за мраз во калап и прелијте со чиста вода, па замрзнете. Во помало тенџере сипете 1 чаша вода од 200 мл.

Штом водата ќе зоврие, исклучете го огнот, додајте две кесички чај од камилица и оставете го покриено неколку минути, додека чајот да се подготви. Отприлика се остава 10-тина минути. Потоа, процедете ги кесичките и додајте го шеќерот и добро измешајте додека да се раствори во чајот.

Наместо шеќер, може да додадете мед, но внимавајте чајот да биде помлак. Исцедете ги лимоните и веднаш додајте ги во чајот, дури и ако е млак. Сè добро измешајте и сипете сѐ го во голем бокал. Се прелива со 1,5 литри ладна и чиста вода и добро се меша до соединување.

Вака подготвениот напиток може веднаш да се послужи бидејќи е ладен од водата, но може и да го складирате во фрижидер за повеќе да се излади. Кога ќе сипете во чаша од напитокот додајте си една или две коцки мраз со лист од нане и неколку капки лимета, кои може да ви послужат и како декорација.

Освежителниот летен напиток е подготвен за послужување. Покрај тоа, помага во слабеење, чистење и детокс на организмот. Најдобро е да го пиете наутро и пред оброци. Рецептот подетално може да го погледнете на каналот „Сасина кујна,“ ОВДЕ.