Потребни состојки:

3 чоколадни кори

500 г шлаг крем

300 г мелени бисквити

4 чашки кисела павлака + шеќер во прав по вкус

500 мл чоколадно млеко

500 мл газирана вода

Постапка:

ФИЛ 1: 4 кисели павлаки разматете ги со малку шеќер во прав (шеќер додавајте по вкус), па потоа додадете мелени бисквити (вкусот е одличен). Соединете добро па додадете 8 супени лажици од изматениот шлаг крем.

ФИЛ 2: 500 г шлаг крем изматете со 500 мл газирана вода. Од овој фил се одземаат 8 лажици за првиот фил.

Редење во намастена тацна за торта: кора (се натопува со чоколадно млеко), фил 1, фил 2 и така уште двапати. Одозгора наросете со малку мелени бисквити.

*чоколадните кори се купуваат готови. Користете кисела павлака со 20% млечни масти. Киселата вода за матење на шлаг кремот не смее да биде ладна од фрижидер.