Ролат со обланда: одличен колач, брзо е готов, вкусен, а кога се сече излегуваат многу парчиња

Потребни состојки:

1 путер/маргарин

2 јајца

250 г шеќер

100 г чоколадо за готвење

250 г бисквити

50 г суво грозје

100 г ореви

Сум и лимонова кора по желба

2 кори обланда

Постапка:

Прво ставете ги корите меѓу влажни крпи за да омекнат. Сувото грозје полијте ги со малку рум да омекнат и набубрат.

На пареа растопете еден путер, па матете и додадете две јајца и шеќер.

Кога ќе се растопат путерот, јајцата и шеќерот додадете чоколадо, искршени бисквити на крупно, натопено суво грозје и исечкани ореви.

Мешајте за убаво да се соединат состојките, па на крај додадете лимонов сок и уште рум по желба.

Кога корите се добро омекнати, премачкајте ги со смесата и завиткајте во ролат. Внимавајте да бидат целосно исполните, без воздушни џепови. По желба можете да ставите желе бонбони или чоко бананчиња. Изладете добро, па сечете.

Претходна статијаТолку силен напиток, што покрај МАСТИТЕ ќе ги исфрлите и сите токсини и ќе го симнете високиот притисок за кратко време
Следна статијаНОВА ТОРТА со бисквити, едноставна, декоративна, брза, а ќе уживате во секој залак