Неодоливи шубари без јајца и млеко

Потребни состојки за една кора:

200 г брашно

10 лажици шеќер

1 прашок за печиво

200 мл кисела вода

Loading...

500 мл масло

2 полни лажици какао во прав

За фил:

500 мл соино млеко

200 г шеќер

2 ванилин шеќер

3 лажици густин

3 лажици брашно

250 г маргарин

За глазура:

100 г чоколадо за готвење

3 лажици масло

Кокос за валкање

Постапка:

Во една чинија ставете ги состојките за кора и соединете со жица за матење. Плехот обложете го со хартија, истурете ја во него смесата и ставете да се пече кората во претходно загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. На ист начин направете уште една кора.

Кога корите ќе изладат, со модла за крофни или со чаша вадете кругови.

За фил: ставете 400 мл соино млеко да проврие со шеќер и ванилин шеќер. Со остатокот од млекото (100 мл) изматете брашно и густин, па сварете како за пудинг со постојано матење додека да згусне.

Кога филот ќе излади, соединете со пенасто изматен путер, па филувајте ги капите. Врз еден круг ставете полно лажиче фил, преклопете со друга кора, израмнете и пополнете од страните со фил па извалкајте во кокос.

За глазура: растопете чоколадо со масло, па врз секоја капа ставете по лажичка. Изладете ги до послужување. Од оваа смеса би требало да добиете 24 неодоливи шубари.

Loading...