Слатко и сочно како од 1001 ноќ. Едноставен, а многу вкусен колач.

Мерка: шолја од 250 мл

Потребни состојки:

1 шолја шеќер

1 шолја брашно

1 шолја кокосово брашно

1 шолја масло (јас користев половина)

1 шолја млеко или јогурт

1 шолја гриз

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

3 јајца

За сируп:

2 шолји шеќер (јас ставив една шолја ама тоа е по вкус, мене ми доволно слатко)

1 шолја вода

2 лажици сок од лимон, портокал или ружина водичка

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќер и додадете ги останатите состојки. Истурете во плех обложен со хартија и печете на 200 степени околу 30 минути.

Во меѓувреме сварете сируп од шеќер и вода, додека да зоврие, па потоа додадете сок од лимон и гответе уште околу 1-2 минути.

Врелиот колач прелијте го со сирупот и оставете добро да впие и да излади, па потоа сечете на коцки.

Во некои рецепти може да се сретне дека пред печење се редат цели бадеми врз колачот. Се служи со кафе Бахарат, ориентален рецепт за кафе ароматизирано со каранфилче, цимет, кардамом и мускантно оревче.