Вкусно, хранливо и здраво! Мерка: чаша од јогурт 200 мл

Потребни состојки: 2 чаши пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 1/2 прашок за печиво, 200 г сирење, 100 мл масло, 1 чаша кисела вода, сол по вкус, 10 г квасец растопен во малку млака вода, 1 чаша јогурт и 2 јајца

Постапка: Издробете го сирењето, додадете јајца, масло, јогурт, брашно и гриз, сол и прашок за печиво, квасец и кисела вода.

Сето измешајте за да добиете изедначена смеса.

Печете во калап за куглоф, најдобро силиконски, на 180-200 степени, околу 40 минути, убаво да зарумени.

Печената проја оставете да излади па извадете ја од калапот. Ќе уживате во вкусот!

Постапката погледнете ја во видеото: