Ако некој во вашето семејство има дијабетес, можеби стравувате дека оваа болест ви се заканува и вам. Иако постои наследен фактор, експертите велат дека нашите одлуки поврзани со исхраната, вежбањето и здравјето се многу поважни и пресудни за појава на дијабетес или негова превенција.
Следете ги овие навики ако некој од вашето семејство има дијабетес и намалете го ризикот од болеста:
„Не можеме да ги промениме гените, но можеме да ги промениме нивните манифестации и функции. Врз голем број од болестите во голема мера влијае колективното искуство на нашите животи, од исхраната, токсините и микробите од непосредната околина, стресот, социјалниот живот, мислите и верувањата.
Сето претходно набројано се фактори кои влијаат на „вклучувањето и исклучувањето“ на нашите гени“, објасни лекарот Марк Хајман. Меѓу другото тој ги објасни најважните навики што треба да ги прифатите за да спречите дијабетес.
Внимавајте што јадете
„Ако внесувате купишта празни калории, телото станува отпорно на дејството на инсулинот и му треба сè поголем напор за да го одржи шеќерот во крвта на стабилно ниво.
Високиот инсулин е првиот знак за проблем, дополнително доведува до апетит кој е надвор од контрола и зголемување на телесната тежина. Ако имате семејна историја на дебелина и дијабетес, треба да внимавате што јадете“, вели д-р Хајман.
Бидете физички активни
Не треба да кревате којзнае колку тешки тегови во теретана, но важно е да се движите. Физичката активност е важна за одржување на шеќерот во крвта под контрола, бидејќи вежбањето го намалува нивото на гликоза.
Мускулите го го трошот, па нема толку многу во крвта. Ако имате инсулинска резистенција, вежбањето всушност ќе го направи инсулинот поефикасен.
Одржувајте здрава телесна тежина
На телото му многу потешко да се справи со шеќерот, доколку имаме повеќе масно ткиво на стомкат отколку што е нормално. Вишокот килограми е еден од факторите кои влијаат на шеќерот во крвта, а тоа е маѓепсан круг од кој е тешко, но не и невозможно да се излезе.
Зголемениот индекс на телесна маса (БМИ) и обемот на половината се сигнали кои се појавуваат во телото неколку години пред да се појави дијабетесот. Запрете ги на време.
Спијте квалитетно
Долгиот и мирен сон позитивно влијае на начинот на кој телото го користи инсулинот и го намалува ризикот од дијабетес. Прочитајте повеќе лекарски совети против несоница и консултирајте се со вашиот матичен лекар доколку подолг период имате несоница.
Мерете го шеќерот во крвта
Мерењето на шеќерот во крвта е начин за активно учество во вашето здравје. Ќе ги намалите симптомите на високиот, но и на нискиот шеќер, а ќе спречите и компликации.
Вредностите на шеќерот во крвта ретко, пред почетокот на дијабетесот се „добри или лоши“, тоа се бројки што треба да ги чувате во вашата глава за да можете да ги следите скоковите и падовите и на тој начин да ја држите ситуацијата под контрола.
Повеќе од советите на докторот прочитајте ОВДЕ. Природен лек од народната медицина со кисело млеко кој може да помогне во намалување на шеќерот – прочитајте ОВДЕ и ОВДЕ. Симптоми за висок шеќер, а кои не смеете да ги игнорирате, прочитајте – ОВДЕ.