Потребни состојки:

За бела кора:

6 белки

6 лажици шеќер

4 лажици брашно

½ прашок за печиво

за прелив на кората:

200 мл млеко и 1 лажица рум

за фил од кокос:

6 жолчки

6 лажици шеќер

600 мл млеко

2 пудинг од ванила

250 г путер-маргарин

100 г кокос

1 лажица екстракт од кокос

за декорација:

200 мл слатка павлака

Постапка:

За кора: изматете цврсто 6 белки па додадете шеќер и матете додека да се растопи.

Посебно измешајте го брашното со прашокот за печиво.

Со лажица внимателно додадете го во снегот од белки и нежно промешајте за да остане воздушесто.

Смесата печете ја на 180 степени во плех 20х30 обложен со хартија, околу 20 минути.

Печената кора пренесете ја на решетка и прелијте ја со млекото и румот.

За фил: Сварете го кремот како за пудинг и мешајте додека да згусне. Оставете убаво да излади, а најдобро е до следниот ден кога и кората ќе го впие целосно преливот.

Изматете го путерот па додадете го во изладениот фил, па сето соединете го, додадете кокос и убаво промешајте.

Преку кората премачкајте го филот, а за најгоре изматете слатка павлака и декорирајте.