РЕЦЕПТОТ НА МАЈКА МИ

Потребни состојки:

1 пакување кадаиф (300-400г)

200 г путер

5 лажици масло

400-500 г орев

За шербет:

1 кг шеќер

3 парчиња лимон (кришки)

вода

ПОСТАПКА:

1.Маслото и путерот загрејте ги на оган за да се растопи путерот. Оревите крупно сомелете ги или истолчете ги.

2.Пригответе тепсија број 30 или 40, малку подлабока. Половина од кадаифот истресете го во тепсијата и фино распоредете го да не крши многу.

Тепсијата нема потреба да ја мастите. Врелиот путер, околу една третина, со лажица прелејте го врз кадаифот, па рамномерно распоредете ги оревите.

Остатокот од кадаифот се растресува врз оревите и лесно со раце се притиска за уба да навлезе во тепсијата. Се полева со остатокот од путерот.

3.Рерната вклучете ја на 170 на топол воздух и ставете го кадаифот да се пече околу еден час.

Ако ви е пресилна рерната намалете ја температурата на 160 степени. Кадаифот е печен кога ќе добие убава златна боја и ќе се одвојува од рабовите на тепсијата.

3.Штом се стави кадаифот во рерна, се започнува со приготвување на шербетот, кој мора да боде густ и тоа е од клучна важност за успешно приготвен кадаиф.

Во шерпа ставете го шеќерот и вода колку шеќерот да биде потопен и еден прст над него. Се додава лимонот. Кога шербетот ќе зоврие, се готви уште 15 минути. Потоа се исклучува ринглата и се трга шерпата.

5.Кога кадаифот е испечен го вадиме од рерна и се остава малку да излади, околу 10 минути.

Шербетот е сè уште топол, па со кутлача полека го полеваме кадаифот. Три кутлачи шербет, рамномерно се распоредува во тенок млаз.

6.Шерпата повторно се враќа на оган и се остава да врие уште 3 минути, па повторно се трга од оган и така врел се полева врз кадаифот. Повторно три кутлачи и многу тенок млаз.

Шебетот се враќа да проврие уште 2 минути. Сега оставете го малку да излади пред да го полеете врз кадаифот и тоа најдобро со лажица.

7.Шербетот нема да се зашеќери поради лимонот. Оставете го кадаифот да излади на собна температура.

Кога ќе излади покријте го со фолија да преноќи, па следниот ден можете да го чувате во фрижидер.

8.Напомена: изгледа комплицирано, но навистина не е. Единствено бара малку повеќе време и максимална посветеност додека се приготвува.

Послужување: добро изладен!

РЕЦЕПТОТ НА ТЕТКА ЗОРЕ

потребни состојки:

500 г кадаиф

200-300 г ореви

1 кг 300 г шеќер

3 ванилин шеќер

Масло по потреба

Постапка:

Половина од кадаифот се растура низ плехот. Се наросува со масло и се пече додека да зарумени, околу 30-40 минути, на 180 степени.

Потоа се става вториот дел од кафаифот и се враќа во рерна да се допече.

Откако ќе се испече се подига горниот слој и на среде се ставаат оревите, а кој сака може и суво грозје. Се трга на страна.

За шербет се става 1 литар и 100 мл вода да проврие со 1 кг и 300 г шеќер, да врие 10 минути. 

Ванилин шеќерот можете да го наросите врз кадаифот или да го ставите во шербетот.

Кога кадаифот е целосно изладен се полева со топол шербет (не врел!).

Оставете убаво да впие.