„Лекувањето на несоницата е моја специјалност и со помош на различни програми за природни третмани им имам помогнато на илјадници луѓе ширум светот да го решат овој проблем“, вели д-р Марио Лабудовиќ, кој многумина го почитуваат заради неговите искрени совети и народни рецепти за лекување на многу болести.
За хронична несоница се смета состојба при која личноста не може да заспие со длабок сон или во текот на ноќта често се буди и тоа трае подолг временски период. Овие лица имаат проблем да заспијат кога ќе легнат навечер, или пак, ако се будат во текот на ноќта не можат повторно да „презаспијат“.
Несоницата може да биде многу фрустрирачка, бидејќи во некои тешки случаи може да трае со денови, месеци, па дури и години. Вашето здравје зависи од длабокиот и квалитетн сон. Сосема е нормално некогаш да имаме несоница во времетраење на неколку денови. Но, ако трае подолго од тоа, тогаш преминува во хронична несоница.
Хроничната несоница е често симптом на некој многу поголем проблем. Најмалку 80% од луѓето со депресија имаат несоница. Главните причини се психолошките: стрес, депресија, анксиозност, тага.
Од физичките причини најчести се: артритис, астма, проблеми со дишење, дијабетес, болести на штитната жлезда, болести на срцето, болки во мускулите, деменција, заболен црн дроб, бубрези, бели дробови, синдорм „немирни нозе“ и др.
Доколку пиете големи количини лекови или земате терапија како замена за хормони, исто така имате ризик од несоница. Прекумерното консумирање кафе и напитоци со големи количини кофеин може да го предизвика овој проблем.
Еден од главните витамини кои можат да помогнат во лекувањето на несоницата и кој може да обезбеди длабок сон, е пантотенската киселина или попознат како витамин Б5. Ако е тоа можно, најдобро е овој витамин да го земате преку храната која ја консумирате.
Доколку го земате како додаток во исхраната, препорачаната дневна доза е приближно 50 мг за лекување несоница. ХРАНА БОГАТА СО БИТАМИН Б5: шитаке печурки, лосос, авокадо, органско пилешко месо, органско говедско месо, семки од сончоглед, сладок (батат) компир, леќа, сина туна, кикирики, јајца, квасец, калифорниска пастрмка, грав и грашок.
Покрај витамин Б5, важно е да се зема и витамин Б8 или познат како „Инозитол“, растворлив во вода (50-100 мг), а кој овозможува длабок сон, делува против стрес, го контролира нивото на холестерол, помага за подобрување на квалитетот на косата и др. Значи, за квалитетен и длабок сон потребно е секој ден да внесувате витамин Б5 и витамин Б8.
Храна богата со витамин Б8 (инозин): грав, грашок, кафеав ориз, пченични трици, јаткасти плодови, банани, дињи, суво грозје, зелка, црн дроб, јајца. Мојата последна препорака е витамон Б3 или познат како „Ниацин“. Како додаток во исхраната треба да се зема 50-100 мг на ден, бидејќи го стимулира производството на серотонин.
Храна богата со витамин Б3 (ниацин): органски црн дроб, пилешко бело месо, туна, мисиркино месо, лосос, телешко месо, кикирики, авокадо, кафеав ориз, интегрални житарици, печурки, грашок, сладок компир (батат).
Комплекс од витамини од Б групата кои помагаат во лекувањето на несоницата се: Б5, Б8 и Б3. Како за крај ќе ви го претставам еден од моите омилени рецепти за подготовка на напиток кој помага за полесно заспивање и одржување на мирен и длабок сон во текот на ноќта. Се пие еден час пред спиење.
Во блендер ставете 200 мл бадемово млеко, 1 банана, 20 капки тинктура од валеријана (од аптека), 1 мала лажичка ашваганда во прав (од аптека) и 1 мала лажичка мед. Измиксајте добро и напитокот испијте го еден час пред спиење. Д-р Марио можете да го слушнете ОВДЕ, а ако сакате да дознаете како тој ја лекува својата несоница, прочитајте ОВДЕ.