Ова е најбрзиот рецепт за обланди кој постои. Одвојте 7 минути труд и уживајте цел ден во овој вкусен десерт. Седум минути се готви филот и уште 3 минути максимум ви се потребни за да ја премачкате обландата. Еве што ви е потребно според рецептот на Мирела:

Потребни состојки за фил:

500 мл млеко

500 г шеќер

4 супени лажици брашно

1 јајце

100 г чоколадо

1 коцка путер/маргарин од 250 г

Постапка:

Сите овие состојки соединете ги и гответе ги заедно во тенџере точно 7 минути од моментот на зовривање. Штом смесата зоврие намалете ја температурата на умерено и продолжете со готвење и мешање точно седум минути.

Со смесата рамномерно филувајте ја обландата, и тоа е тоа. Потиснете со нешто тешко и изладете во фрижидер па сечете и уживајте во вкусот.

Можете да правите ролати од еден лист или пак коцки, баклави, штангли, триаголници…од два или повеќе листа преклопени. Горната и долната обланда кон надворешна страна треба да бидат свртени со мазната страна.