Слатки, меки кифли, готови за 15 минути!

Потребни состојки:

4 јајца

200 г шеќер

200 г кисело млеко

125 г маст/путер/маргарин

1 коцка свеж квасец

1 лажичка сол

1 лимон – кора рендана

1 ванилин шеќер

125 мл млако млеко

50 мл млеко за растворање на квасецот

1250 г меко брашно

Уште ќе ви биде потребно:

1-2 жолчки за премачкување

Џем

Кристален шеќер за наросување

Постапка:

Во топло млеко растворете го квасецот, додадете една лажица шеќер и една лажица брашно.

Оставете да се активира. Јајцата изматете ги со виљушка, додадете шеќер, ванилин шеќер, млако млеко, сол, кора од лимон, кисело млеко, омекнат путер и просејано брашно, па додадете во течната смеса.

Измесете меко тесто и оставете на топло да се удвои.

Потоа поделете го на топчиња  од 100 г кои ќе ги развлечете во вид на елипса. На едниот крај ставете џем и свиткајте како ролати.

Кифлите редете ги на плех обложен со хартија, можете да ги редите поблиску од обично.

Оставете ги повторно да нараснат. Пред печењето намачкајте ги со жолчка и наросете ги со шеќер.

Печете ги на 180 степени додека да добијат златно кафеава боја.

Loading...