Тајната на богатата собна градина е едноставна – за растенијата да цветаат уште поубаво и побујно, потребно е добро да се прихрануваат. Како правилно се подготвува раствор за прихрана на растенијата:

1. Сите растенија сакаат шеќер (кактусите го обожаваат)

Пред наводнување, почвата во саксијата може да се посипе со 1 прстофат шеќер или растението да се полее со слатка водичка (1 лажичка шеќер на половина литар вода).

NMD.mk

Фикусите можете да ги наводнувате еднаш месечно со засладена вода. На 1 литар вода се раствора 1 лажичка шеќер. Листовите на фикусот може да се избришат со млеко. Ова ќе придонесе за сјај и убавина на растението. Патем, млекото е многу корисно за растенијата. Некои домаќинки со шприц вбризгуваат млеко директно во стеблото на растението.

2. Ѓубрењето со рицинусово масло има одличен ефект врз растенијата

Во литар вода што е оставена неколку дена да отстои треба да се додаде 1 лажичка рицинусово масло. Добро затворете го шишето и добро протресете за да се разбие маслото на најситни капкички.

Рицинусовото масло треба да се раствори и добро да се измеша со водата, во спротивно може да изгорат корењата на растенијата. Веднаш по тресењето додека не се споило маслото треба да се полеат цвеќињата, но покрај ѕидовите на саксијата.

Ако растението цвета еднаш годишно, една таква прихрана е доволна. Ако растението постојано цвета, потребно е да се прихранува еднаш месечно.

3. Имунитетот на растенијата во затворен простор значително се зајакнува со прскање со раствор од аспирин (андол). Една таблета од 300 mg треба да се раствори во 1 литар вода. После тоа, испрскајте ги растенијата со распрскувач.

4. Растенијата можете да ги наводнувате со следниов раствор:

Земете ја кората од калинка или било кое цитрусно овошје и прелијте со вода. Оставете така да отстои во теглата преку цела ноќ. Следниот ден процедете го хранливиот раствор и можете да го употребите.

Растенијата венеат од необјасниви причини?

Причината може да бидат малите штетници и муви, кои тешко се гледаат со голо око, а може да биде корисен следниот трик: за негово спроведување ќе бидат потребни само неколку обични кибритчиња. Едноставно, боцнете ги црвените главички на чкорчињата во земја, на растојание од 5 см од работ на саксијата и полевајте ги цвеќињата. По 2 дена заменете ги кибритите со нови, а по уште 2 дена мушичките ќе исчезнат.

Отсега нема потреба да ги наводнувате растенијата во затворен простор со инсектициди. Фосфорот и сулфурот, кои се дел од мешавината на кибритот, продираат во почвата и сигурно го ослободуваат растението од непоканетите гости.

За да спречите појава на габички, користете бакарни монети. Ставете неколку парички во почвата околу растението, а бакарот ќе ги уништи сите габични спори.

5. Чудо од раствор за најбезнадежните цвеќиња – Испробан рецепт кој ги враќа во живот собните цвеќиња

Овој рецепт е испробан и одлично делува. Ги враќа во живот и најбезнадежните собни цвеќиња! Лушпата од јајце, наједноставното и најдостапно средство за подобрување на условите и неутрализирање на вишокот киселост на земјиштето, е многу корисна за исхрана на градинарските и собните билки.

Во лушпата од јајце се наоѓа многу калциум, магнезиум и фосфор, кои едноставно, се неопходни за нормален раст на билките. Овој рецепт е испробан и одлично делува. Го враќа во живот и најбезнадежното собно цвеќе.

Потребни состојки: 1 литар вода, 2-3 јајца – само лушпите

Постапка: растворот се приготвува само од вода и лушпи од јајце. Лушпата може да ја користите цела или издробена. На еден литра вода се ставаат лушпи од 2-3 јајца. Доколку сакате, може да приготвите и поголема количина одеднаш од 3-5 литри на пример.

Лушпите се преливаат со водата и се оставаат 3-4 денови на собна температура. Повремено треба да се промешаат. Мора веднаш да ви кажеме дека мирисот не е пријатен, меѓутоа, растворот е нешто исклучително корисно за вашите билки. Садот можете да го поклопите.

Потоа, со овој раствор можете да ги полевате билките, вообичено како што тоа го правите со обична вода. Вашите билки ќе ви бидат благодарни. Пробајте, ќе бидете пријатно изненадени. Повеќе причитајте ОВДЕ.