Потребни состојки:
3 компири
3 моркови
3 варени јајца
300 г грашок
6-7 кисели краставички
300 г шунка или 1 пилешко филе
Сол
И уште:
300 г мајонез
200 г кисела павлака
Постапка:
Зеленчукот сварете го посебно во солена вода. Ако користите пилешко филе, варете во истата вода во која се варело месото. Кога е сварено изладете го и исечкајте на на ситни коцки, но немојте премногу ситно. Некои ја сакаат салатата со рендани моркови, значи кој како сака.
Исто така, сварете го и компирот, но внимавајте да не го преварите за да не ви се распаѓа подоцна, па и него исечкајте го ситно. Исечкајте ги или изрендајте ги јајцата и киселите краставички.
На крај измешајте со мајонез и павлака, не штедете на мајонез…
Послужете како предјадење во сади аранжирано со зеленчук, полнете корпички или печива од принцес крофни…