Испробајте го рецептот на Весна за неодоливи уштипци кои буквално се топат во уста.  Практично, не треба да сте експерти за месење на тесто, бидејќи овој рецепт е наменет за сите.

Може да ги подготвувате за појадок, вечера, па дури и за ужина. Тестото е меко однатре и одлично се комбинира со шолја јогурт и малку сиренце од страна. Неверојатно се вкусни, меки и нежни, нема кому не му се допаднале.

Ова се брзи и едноставни уштипци кои совршено одговараат во солена или слатка варијанта. Ако не сте ги правеле досега, не чекајте и направете ги, ќе ве воодушеви нивниот вкус. Овие уштипци не впиваат масло, каков што е случајот со стандардните.

Се пржат на среден оган, не треба да е ринглата на највисока температура, за да не ви загорат. Покрај тоа, тестото се подготвува долго како валјак и уштипците само се сечат и се ставаат да се зготват. Не го месете секое парче посебно, затоа овој рецепт е еден од најлесните. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно (по потреба, плус уште малку за домесување на тестото), 2 јајца на собна температура, 300 мл млак јогурт, 1 лажичка сол, 1 кесичка прашок за печиво, малку масло за пржење.

ПОСТАПКА: Во вангла истресете го брашното и на средината направете мала вдлабнатина. Додајте го прашокот за печиво и 1 лажичка сол. Малку промешајте, па прелијте со 300 мл млак јогурт. Како што го сипате јогуртот, започнете нежно со рака да ги соединувате состојките, така што јогуртот ќе се впие.

Јогуртот сипајте го постепено додека го замесувате тестото. Наместо јогурт може да користите кефир. Замесете фино и меко тесто. Кога тестото ќе почне да се соединува додајте 2 мали јајца или 1 поголемо. Соединете со рака и целосно замесете го тестото, додека да стане мазно и компактно.

Тестото треба да биде малку лепливо кога ќе се замеси во ванглата. Пренесете го на набрашнета рамна површина и домесете го уште малку. Во секој случај, тестото треба да биде минимално лепливо бидејќи во него содржи јогурт.

Замесеното тесто развлечете го со оклагија во тенка кора, а по потреба наросувајте со брашно (врз тестото или на оклагијата).

Тестото треба да биде со дебелина од половина прст. Кога ќе го развлечете убаво, завиткајте го во ролат, како да правите штрудла. Овој процес е многу брз и практичен, бидејќи тестото не се чека да отстојува. Покрај тоа, при развлекување, тестото не треба да има некоја конкретна форма.

Во нелепливо тавче сипете масло, нешто помалку од половина. Вклучете на средна температура да се загрее. Од тестото-ролат исечете уштипци кои треба да бидат тенки. Уштипците не се премесуваат, единствено што може да направите е да ги издолжите нежно, како рипки.

Во загреаното масло редете ги уштипците и пржете ги додека да поруменат. Потоа, превртете ги на другата страна и гответе ги на истиот начин. Уштипците се вадат на чинија со салфетка. Се пржат за кратко време, само маслото да не е премногу врело.

Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „МЛЕЧНИ УШТИПЦИ НА СТАРИНСКИ НАЧИН: Меки како памук“ – ОВДЕ.

МЛЕЧНИ УШТИПЦИ НА СТАРИНСКИ НАЧИН: Меки како памук