Ѓумбирот е многу здрав и затоа треба да го користите колку можете повеќе. Можете да го купите свеж во корен, а може да се најде и сув, во прав, па да го додавате како зачин во храната. Делува антивоспалително, антибактериски и антиоксидативно.
Со внес на 2 грама ѓумбир се прочистува телото од штетни бактерии и токсини. Тоа се случува само еден час после употребата. После два часа се постигнува целосен ефект.
Една читателка забележала дека само пет часа откако ќе испиела чај од ѓумбир, нејзиниот стомак се празнел и и’ ги снемувале отоците од лицето. Уште додека го пиела чајот чувствувала топлина и добра циркулација се до врвовите на прстите.
Ова се некои од лековитите својства на ѓумбирот: се бори против ракот, елиминира мачнина и вртоглавица, ги намалува отоците, го подобрува согорувањето на мастите, намалува менструални тегоби, добро делува на дигестивниот систем. Многу е здрав ѓумбировиот чај, па еве како да го направите.
Потребни состојки: 1 рака листови нане, 1 мало парче ѓумбир, кој може да поднесе повеќе нека стави повеќе, 1 прстофат цимет, 1 чаша вода, 1/2 или 1 лимон – сок
Постапка: Ставете ја водата да врие, а кога ќе зоврие додадете ѓумбир и нане. Нека се варат заедно 15 минути, а потоа тргнете од оган. Оставете да излади па процедете.
Додадете лимонов сок и цимет. Лимонот никогаш не се става во врела вода ако сакате да го сочувате витаминот Ц. Пијте по една чаша дневно, ќе забележите значително подобрување.
Ѓумбирова вода како турбо забрзувач на слабеењето – како да подготвите ѓумбирова вода