Сникерс штангли со ореви – превкусни, а се прават за 15 минути

Потребни состојки:

350 г бисквити

200 г орев

100 г карамел бонбони

125 г путер/маргарин

150 г чоколадо

100-200 г шеќер

200 мл вода или млеко

Постапка:

Во вода или млеко додадете шеќер па растопете ги карамелите, додадете 50 г чоколадо и путер.

Бисквитите искршете ги поситно и додадете сечкани ореви. Додадете ги растопените карамели и сето добро изедначете го.

Плехот обложете го со хартија за печење, па излејте ја смесата и добро притиснете.

Оставете да излади во фрижидер, па прелијте со растопено чоколадо.

Loading...