Овој колач може да го правите преку цела година. Не се пече и е многу вкусен, а покрај тоа е и посен, така што ќе се сладите и во посните денови со него. Се сече на парчиња и изгледа многу декоративно, секогаш ги намамува гостите да земат уште едно парче. Главните намирници се кекси, банани и јаболка.
Овој ролат потсетува на познатиот „мачкини очи“ со две банани, а во овој се става само една банана (по желба може да ставите и две, така ќе изгледа како „мачкините очи ролатот“). Сите состојки ги имате дома, а се подготвува многу брзо и едноставно, со овој десерт се заштедува многу време. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 225 г посен или мрсен маргарин, 100 г шеќер во прав (во оригиналниот рецепт се става повеќе), 3 рендани јаболка, 3 средни банани (за во ролатот), 100 г мелени ореви, околу 250 г мелен бисквит (посен или мрсен) и 2 банани за на средина на ролатот.
ПОСТАПКА: Маргаринот оставете го на собна температура приближно 1 час, а потоа со виљушка омекнете го во паста. Додајте го шеќерот во прав и со миксер изматете го пенаста смеса. Јаболката излупете и исчистете ги, па изрендајте ги во еден сад. Може да ги наросите со сок од лимон за да не потемнат.
Бананите омекнете ги во паста, без поголеми грутки, па додајте ги во смесата со путер и шеќер во прав. Измешајте, па додајте ги мелените ореви и мелениот бисквит. Измешајте сѐ заедно со миксер. Кога јаболката ќе отстојат некое време, процедете ги од сокот, па додајте ги во останатите состојки.
Измешајте сѐ добро во еднолична смеса, прво со миксер, а откога ќе се додадат јаболката со шпатула. Пренесете ја смесата врз хартија за печење и со раце обликувајте ја во правоаголник со дебелина од еден прст. Иако смесата е мека и лесна, сепак може да се обликува во ролат.
Бананите излупете ги, отсечете им ги крајчињата, прелијте ги со сок од лимон за да не потемнуваат. Во еден ред на крајот од подолгата страна се поставуваат бананите (втората може да ја отсечете доколку е подолга), а доколку сакате ролатот да изгледа како „мачкини очи“ поставете ги бананите во два реда.
Се витка бисквитот од едната страна кај што се поставени бананите (за едно око), а за две, од двете страни кон средината, па се врти наопаку. Бисквитот се витка сосе хартијата за печење. Потоа се става во фрижидер на неколку часа за да се олади или ако ви се брза, може и во замрзнувач.
Декорирајте го ролатот со мелени ореви, плазма или прелијте го со чоколадна глазура, па сечете го на парчиња. Деталите погледнете ги ОВДЕ.