Овој рецепт ни го откри наша редовна читателка. Мора да кажеме дека зелникот го пробавме и отсега па натаму, ова ќе ни биде репер за зелник!
Тимот на НМД
Потребни состојки:
1 кг брашно
500 мл млака вода
2-3 лажици масло
1 лажица сол
1/2 лажица оцет
Прстофат шеќер
1 маргарин/путер од 250 г, се дели на половина
Постапка:
Се замесува меко тесто, да биде мазно, се дели на две топки и се остава да одмори, 10-15 мин.
Дали е готово тестото кога ќе се измеси, се проверува со прст: ако дупката се повлече, значи дека тестото е еластично и добро измесено.
Се сука едната кора, дебелина 2-3 мм, па се премачкува со половина маргарин. Се сече помал круг во средина, а прстенот што ќе остане се сече во зраци.
Секое парче се реди едно врз друго во средина а потоа се затвора во топка. Топката се замотува во проѕирна фолија и се остава да одмори во фрижидер најмалку половина час.
Кога тестото е убаво изладено, се расукува кора според големината на плехот, долната кора се става врз намастен плех, се распоредува филот, па се става втората кора.
Фил (или по избор):
500 г мелено месо
2 големи главици кромид
4 лажици презла (или малку соини трошки, претходно искиснато)
Сол, црн пипер, вегета
Се пржи ситно сечкан кромид колку да омекне, па се додава месото и презлата. Се динста додека да ја смени бојата.
Ако користите сирење и јајца како фил, пред нанесување врз кората, поросете ја малку со масло.
Врз едната кора се нанесува филот, убаво се распоредува, па се покрива со втората а краевите се затвораат со “витка”.
Со остар нож се засекува горната кора во парчиња со големина по ваш избор, за да не се подуе целата пита при печењето.
Се пече на 200 степени, во загреана рерна, додека да добие убава златножолта боја.
Коментар на Trena Stojiljkovic:
“Po Ohridski isto se pravi zavisi samo od ucitelot dali ke sukas edna kora i ke ja seckas ili ke rasucis sedum do devet mali kori za dolnata kora i pet do sedum kori za gornata kora.site kori gi mackas so salo ili moderno so margarin.Od koga ke odstojat gi rasukuvas filuvas i so vitka zatvoras”
Коментар на Братица Димитриевска:
”Bitno e da se napravi raspored na testoto za dolna kora pomala masa od celoto testo,a za gornata pogolemata kolicina od testoto(dolnoto testo se foluva i ostanuva kako povlazno i potesko,gornata kora se plisira,odnosno zguzvano se postavuva,se zavrsuva so zatvaranje navitkata od dolnata kora,se namrsuva i se stava vo maxsimum zagreana rerna,a stom pocne da raste,naduva,se namaluva na 200’c ako banikot ne se naduva vo prasanje e ne izraboteno testo”
Коментар на Катерина Закева Лампевска:
“Vo Kratovo ovoj zelnik go vikame katmer sto na turski jazik znaci karanfil. Imeto go dobil tokmu zaradi gornata kora koja pri pecenje se razlistuva. Prevkusen zelnik👌”