Потребни состојки:

4 јајца

150 г шеќер

200 г брашно

1 печиво

Потребно за фил:

600 мл млеко

2 пудинга од ванила

125 г путер

1-2 лажички екстракт од ванила

150 г шеќер во прав

Постапка:

Најпрво го приготвуваме филот: ги вариме пудинзите во млекото, настрана го матиме путерот заедно со шеќерот во прав, а кога ќе се излади пудингот, го соединуваме со путерот.

За да не се направи кора на пудингот додека тој се лади, одозгора го покриваме со проѕирна фолија.

Белките ги матиме со миксер и малку по малку го додаваме шеќерот. Матиме се додека да добиеме цврст шам. Ги додаваме една по една жолчките за сето време додека матиме со миксерот.

Потоа го додаваме брашното и печивото и нежно мешаме со лажица за да не се изгуби воздушноста.

Смесата се става во кеса за замрзнување, а на едниот крај ја засекуваме. На овој начин истискуваме правоаголници врз плех обложен со хартија за печење.

Печеме на 200 степени во загреана рерна, околу 5 минути за да останат бели.

Уште додека се топли ги премачкуваме со филот и ги лепиме по две.

Со остатокот од филот ги украсуваме одозгора. За кафеавиот фил додаваме една лажичка какао.