Вообичаено овој турски десерт го приготвуваме со ориз кој прво се вари во малку вода, потоа му се дотура млеко и на крај се става шеќерот кога оризот е целосно омекнат. Но, овој рецепт е нешто посебно.

Потребни состојки: 6 шолји (од 200 мл) вода, 2 шолји ориз, 3 шолји млеко, 15 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 пудинг од ванила, Цимет за наросување, по желба

Постапка: Ставете на оган водата да зоврие, додадете го оризот и мешајте да не загори. Кога речиси е готов, додадете млеко, шеќер и ванилин шеќер. Пред крај, малку да се тргне од оган, кога сè уште е редок, додадете го пудингот претходно промешан со малку млеко.

Кратко вратете на оган да удри уште еден клуч и тоа е тоа… Врелиот сутлијаш ставете го во влажни садови, а доколку сакате одозгора наросете цимет. Може да се додаде и суво грозје, во изворниот рецепт го има, но јас не го ставам.