Проблемите со штитната жлезда не треба да се игнорираат бидејќи може да доведат до сериозни последици.

Важно е навремено да забележите некои од симптомите и да започнете со адекватна терапија.

СИМПТОМИ:

-несоница

-нагли промени во расположението, нервоза, напади на лутина

-пореметен менструален циклус

-болки во мускулите

-пореметен метаболизам

-висок крвен притисок

-потешкотии кај жените да забременат

-промени на кожата, најчесто сувост

-промени во апетитот

-намалено либидо

-чувство на студенило

Ова е еден природен лек кој го зајакнува имунитетот, вкусен е многу па затоа треба умерено да се консумира и да не се претерува.

Она што е интересно за ова слатко задоволство е дека има лековита моќ да ја регулира работата на штитната жлезда-тироидеа.

Потребни состојки:

40 излупени ореви

1 тегла мед

Постапка:

Четириесет здрави ореви искршете ги, излупете ги и јатките измешајте ги со една тегла високо квалитетен мед. Оставете 40 денови на сончева светлина. Теглата (од 3 л) треба да биде добро затворена.

После 40 дена можете да го процедите медот, но не морате.

Се консумира по три лажици дневно, пред оброк, првите седум дена.

После една седмица се консумира само по една лажица, наутро на гладно. После медот можете да се напиете лимонада или труг утрински напиток.