Ги сакам плескавиците полнети со кашкавал. Ова не се оригина „Шарски плескавици“, но кога немам волја за готвење на нешто комплицирано или немам многу време, јас ги приготвувам овие плескавици. Без похување и пржење во тава…набрзина се замесува, се полнат и се печат во рерна…
Потребни состојки:
околу 700 г мелено мешано месо
1 голема главица сечкан или мелен кромид
2 сечкани чешниња лук
Зачини: вегета, сол, црн пипер, црвен пипер…
1 јајце
3-4 лажици лебни трошки (презла)
8 „зденки“/топено сирење/рендан кашкавал
2 лажици масло
Постапка:
Замесете го месото со јајце, ситно сечкан кромид и лук, презла и зачини по вкус. Оставете да отстои 10-тина минути. Тогаш смесата поделете ја на околу 8 топчиња. На дланката истапкајте малку, ставете еден тријаголник (или рендан кашкавал), па со рацете обликувајте ја плескавицата, но внимавајте убаво да биде затворено за да не ви истекува од страните во текот на печењето.
Плескавиците наредете ги во плех обложен со хартија за печење и полијте ги со 2-3 лажици масло. Ставете ги во загреана рерна на 190 степени и печете ги околу 35 минути. Можете 1-2 пати да ги превртите во текот на печењето. Послужете со прилог по желба.