Потребни состојки:

2 кг портокали

2,5 кг шеќер

2 лимони

Постапка:

Излупете ги портокалите, исечете ги на парчиња и наросете со шеќер (ред портокал ред шеќер) и оставете преку ноќ. Од кората излупете го белиот слој од внатрешната страна, па сварете во вода, изладете и исечете на тенки парченца.

Портокалите со шеќерот ставете ги на оган, па после 10-тина минути готвење додадете ги и парчињата кора. Додадете сок од лимон и сварете го како и секој друг џем. Се собира врело во тегли и се затвора.