Потребни состојки:

600 г кори за пита

За фил:

5 јајца

250 г шеќер

1 шолја масло

1 шолја кисело млеко

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

350 г мелени ореви

За шербет:

4 шолји шеќер

4 шолји вода

Постапка:

Корите поделете ги на половина. Јајцата изматете ги, додадете шеќер, масло, кисело млеко, прашок за печиво и ванилин шеќер. Корите редете ги во плех и секоја кора посебно премачкувајте ја со филот.

Кога ќе потрошите половина од корите (300 г) во средината рамномерно наредете 350 г ореви па продолжете понатаму да ги редите корите. Последната кора исто така треба да биде намачкана.

Наредената баклава исечете ја пред да се стави во рерна. Печете на умерена температура.

Шербет: шеќерот и водата варете ги 15 минути.

Врз топлата баклава прелијте ладен шербет.