Потребни состојки:
600 г меко брашно
1 коцка (40 г) свеж квасец
200 мл млеко
200 мл јогурт
100 мл масло
2 јајца
Малку сол
1 лажица шеќер
Уште е потребно:
1 јајце
Сусам, ленено семе, крупна сол
250 г путер/маргарин
Постапка:
Во млако млеко со шеќер активирајте го квасецот. Од сите состојки (на собна температура, или малку замлачени) измесете меко и мазно тесто.
Тестото веднаш поделете го на 8 топчиња и оставете ги да мируваат 5-10 минути.
Првото топче со оклагија развлечете го во величина на чинија, премачкајте со растопен путер.
Развлечете го и второто топче, ставете го преку првата кора и премачкајте… па се така до последното топче кое не се премачкува на крај. Вака нека отстои 15 минути.
Сега добро набрашнете ја работната површина па од тестото развлечете голем круг. Ако работната површина не ви е широка, тогаш ова најдобро е да го правите на маса.
Кругот пресечете го на половина вертикално, па потоа сечете долги тријаголници со ширина на крајот од 7-8 см (а можете и потенки, помали ќе бидат). Свиткајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Нека има растојание помеѓу нив зошто ќе нараснат.
Вака приготвените кроасани оставете ги да отстојат 1,5 – 2 часа.
Кога кроасаните ќе нараснат, премачкајте ги со разматено јајце и наросете со сусам, ленено семе, ким, крупна сол… по желба.
Ставете ги во рерна загреана на 180 степени и печете додека да заруменат. Кроасаните може да се замрзнат пред печењето, а по потреба да се вадат и печат.