Потребни состојки:

160 г бисквити мелени

100 г кокос

50 г путер

2 лажици мед

100 мл млеко

За крем:

1 литар млеко

100 г скробно брашно (густин)

100 г кокос

100 г шеќер во прав

1 кесичка желатин во прав

Постапка:

Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со кокосот, растопениот путер, млекото и медот.

Калапот за торти (26 см) обложете го со хартија за печење, па ставете ја смесата на дното како подлога и израмнете. Оставете во фрижидер да се стегне.

За крем: помешајте шеќер во прав и густин, па додадете доволно млеко за да добиете густа каша без грутчиња, па подоцна додадете уште малку млеко.

Остатокот од млекото и косковото брашно ставете ги на оган и со постојано мешање додадете ја смесата со густинот. Варете со постојано мешање неколку минути додека да згусне.

Желатинот помешајте го со 4 лажици вода и оставете да набубри.

Растопете го па додадете малку крем и добро измешајте за смесата да биде хомогена. Додадете ја мешавината од желатин и крем во остатокот од кремот и добро измешајте.

Кога кремот ќе стане млак излејте го во калапот врз подлогата од бисквити и оставете во фрижидер неколку часови да се стегне.

Одозгора украсете со рендано бело чоколадо или кокосово брашно или едноставно оставете ја така. Вистинска снежна убавица.