Во последно време многу е популарно да се одгледуваат егзотични билки во саксија на прозор.

Тоа е така зошто овие билки имаат атрактивен и декоративен изглед, а всушност, нивното одгледуваање не е воопшто тешко.

Многумина пробаа да зафатат лимон, авокадо и ананас од семки и лист во саксија и успеаја во тоа.

Ако сте одлучиле да засадите нешто невообичаено во својот дом, тогаш ви препорачуваме да започнете од калинка.

Со ова едноставно упатство вашата желба ќе стане реалност:

Прво што треба да направите е да најдете убав зрел плод од калинка.
Излупете го и изедете го, но оставете неколку семки. Нека се сушат 24 часа.

Потоа ставете ги семките во вода да стојат два дена на темпеартура од 20-22 степени. Водата менувајте на секои 12 часа.

Земете мала саксија и наполнете ја со мешавина од песок и тресет (1:1). Навлажнете и засадете ги семките на длабочина од околу 2 см.

Покријте ја саксијата со проѕирна фолија за да создадете ефект на стаклена градина. Секој ден вадете ја фолијата за кратко време, за да влезе нов свеж воздух.

Билката мора да добива доволна количина вода и сончева светлина. Кога земјата ќе почне да се суши вие полејте ја. Првиот никулец можете да го очекувате веќе за 7 до 10 дена.

Кога ќе се појават првите ливчиња, билката пресадете ја во поголема саксија со стандардна земја.

Калинката ќе ви процвета после 9 месеци. Три месеци после цветањето ќе почне да дава плодови.

Воопшто не бара посебно внимание околу одгледувањето. Прекрасна егзотична билка, зошто да не пробаме да си ја зафатиме?