Потребни состојки:
100 г путер на собна темпеартура
100 г шеќер
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
½ лимон рендана кора
250 г брашно
5 г прашок за печиво
100 г сечкано чоколадо
За фил:
Нутела по потреба или некој друг крем
Постапка:
Путерот на собна температура изматете го пенасто, додадете шеќер па матете додека да се стопи шеќерот. Додадете јајца, екстракт и кора од лимон, па матете да се соедини. Брашното помешајте го со прашокот за печиво и половина ставете во смесата со јајца, па промешајте. Додадете парчиња чоколадо и остатокот од брашното, па измесете во еднолична смеса.
Рацете малку набрашнете ги, одвојувајте парчиња од тестото и истенчувајте ги во круг.
Филот ставајте го во средината од кругот, па соберете ги краевите и притиснете за да не истекува филот при печење.
Редете ги во плех обложен со хартија, па печете на 180 степени, 12-15 минути да останат светли.
coolinarika.com