Шарена погача која секојпат ме воодушевува, вкусот не го менува и кога ќе излади

Потребни состојки:

400 г тиквички

100 г моркови

250 г свежо посно сирење (или по вкус)

Loading...

4 јајца

95 г гриз

Сол, црн пипер по вкус

Постапка:

Младите тиквички со мека кожа не треба воопшто да се лупат, само добро треба да се измијат. Ако има тврда кора, ќе треба да се излупи. Морковот и тиквичките изрендајте ги на крупно, или во мултипрактик за 10 секунди е готово.

Изренданиот зеленчук ставете го во сад, па посолете со 2-3 лажички со и 1 лажичка црн пипер. Сето измешајте го, а потоа преку се’ ставете 4 цели јајца, 250 г свежо посно сирење и 95 грама гриз. Соединете ги сите состојки во течна смеса.

Калап или огноотпорен сад намастете го и малку набрашнете го (ако ставите хартија за печење ќе се залепи, испробано), а потоа смесата истресете ја внатре.

Рамномерно распоредете ја и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути. Погачата со тиквичките и сирењето можете да ја послужите топла или ладна, посебно или заедно со друго јадење.

kuharica.kontin.info

Loading...