Фото и рецепт: Виолета Јовеска Никчевска

Најубавиот зимски специјалитет кој одлично оди со црно вино.

“Пржен праз со месо и везени суви пиперки, одозгора се поросува со лут буковец. Многу вкусно.”

Потребни состојки:

1 кг свинско месо исечкано на коцки
3 страка сечкан праз
7-8 суви пиперки
1 лажица свинска маст
30 мл масло
сол, црн пипер и зачини по вкус

Постапка:

Во убаво подлабоко тавче се загрева маста со маслото.

Се додава месото и се пропржува околу половина час да фати убава боичка.

Се вади месото во друг сад, а во истото масло се пропржуваат  околу 5 минути сувите пиперки исечени на покрупно.

И тие се вадат настрана.

Потоа се пропржува празот околу 5-7 минути, па се враќаат назад месото и пиперките.

Се остава да динста не повеќе од 10 минути, за да се спојат вкусовите. Зачинете по вкус.

Фото и рецепт: Виолета Јовеска Никчевска