Потребни состојки:
2 јајца
100 г шеќер
1 портокал – ситно рендана кора + сок
Малку арома од ванила по желба
4 лажици масло
100 мл млеко
150 г брашно (половина остро, половина меко)
1 лажица прашок за печиво
За крем:
1 special jaffa пудинг (или 3 пудинзи од чоколадо)
1 литар млеко
100 г шеќер
За чоколадна глазура:
150 г чоколадо за готвење
50 г кокосово масло или обичен путер
Постапка:
Намастете и набрашнете тепсија 20х32 см и вклучете ја рерната на 170 степени.
Со миксер изматете ги пенесто јајцата, па додадете шеќер, рендана кора од портокал и матете додека смесата да побели. Шеќерот мора целосно да биде растопен. Додадете сок од еден портокал, неколку лажици масло, млеко и на крај брашно помешано со малку прашок за печиво.
Смесата излејте ја во приготвената тепсија, па со наведнување израмнете (не повлекувајте со лажица). Печете околу 25-30 минути. Со чепкалка проверете кога мислите дека колачот е при крај со печењето.
Оставете го колачот во тепсијата и за тоа време сварете го пудингот. Ако користите специјален јафа пудинг, згответе го според упатството за кое ви се потребни 1 литар млеко и 100 г шеќер, а доколку немате таков, сварете обичен чоколаден пудинг во кој ќе изрендате малку кора од портокал. Прелијте го пудингот врз печената кора (не премачкувајте со лажица зошто брзо се стврднува).
Оставете убаво да излади, но не во фрижидер. За целосно уживање направете и чоколадна глазура. Зимно време многу убаво си прилега ако се сервира со топло чоколадо.
recepti.com