Оваа торта е погодна за некоја поголема свечена пригода или слава, а доколку ви е потребна помала торта, тогаш намалете ги соодветно количините на потребните состојки. Има неодолив вкус, бидејќи на едно место се собрани бисквитите, пудингот од ванила, желе бонбоните и јатките. Нема подобра комбинација. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г посни бисквити, 300 г газиран сок (фанта, портокал или било кој), 1250 мл вода, 4 пудинзи од ванила, 4 лажици густин, 10 лажици посно (соино/кокосово/оризово) млеко во прав, 250 г маргарин (посен за колачи), 300 г шеќер во прав, 300 г мелени ореви, лешници или бадеми (250 г за фил + 50 г за декорација), желе бонбони.
![]()
![]()
![]()
![]()
И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 400 г шарени желе бонбони (300 г за фил и 100 г за декорација), 300 г црно чоколадо за готвење, 400-800 г посен шлаг – во видеото се користат пакувања од 200 г кои се приготвуваат со 100 мл ладна вода (100 г со 50 мл вода). Наместо посен шлаг можете да користите растителна слатка павлака од 500 мл е доволно. Посно млеко во прав можете да купите во сите продавници за здрава храна или поголеми маркети.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Еден литар вода ставете во тенџере и оставете да зоврие. Во 250 мл вода ставете 10 лажици посно млеко во прав и промешајте. Потоа додајте ги четирите пудинзи од ванила и 4 лажици густин. Состојките убаво промешајте ги за да нема грутчиња и потоа со постојано мешање додајте ја смесата во водата која врие.
![]()
![]()
![]()
![]()
Садот тргнете го настрана, намалете ја температурата и доварете го кремот додека тој да се згусне. Кога е готов кремот, одвојте од него нешто повеќе од една третина, и во врелиот фил додајте 300 г ситно исечкано црно чоколадо. Промешајте за да се се растопи и соедини со кремот. Додека се ладат филовите повремено промешувајте ги за да не се создаде кора.
![]()
![]()
![]()
![]()
Маргаринот (претходно омекнат на собна температура) изматете го пенасто, а потоа доматете го со шеќерот со прав. Изладените филови (жолт и чоколаден) убаво изматете ги со миксер. Оревите сомелете ги, желе бонбоните ситно исечкајте ги. Одвојте по малку за декорација.




Една третина од изматениот маргарин додајте го во чоколадниот фил и заедно изматете ги да се соединат. Остатокот (две третини) од маргаринот додајте го во жолтиот фил и соединете го со миксање. Потоа филот од ванила поделете го на два еднакви делови.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во половина од филот додајте 250 г ситно мелени ореви и изматете со миксер. Во втората половина додајте сечкани желе бонбони и промешајте со лажица. Сега, кога сите три филови се подготвени, може да се започне филувањето на тортата.
![]()
![]()
![]()
![]()
За првиот ред бисквити се потреби 30 парчиња претходно натопени во малку сок (вие ориентирајте се според вашиот калап). Преку првиот слој бисквити распоредете го филот со ореви и убаво израмнете.

![]()
![]()
![]()
![]()

Врз вториот слој бисквити наредете го филот со желе бонбони и убаво израмнете го, а после третиот слој бисквити распоредете го чоколадниот фил и декорирајте ја целата торта со изматен шлаг и малку сечкани желе бонбони и ореви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































