Се ближи православниот Божиќ, најсреќниот ден во христијанството. За еден толку важен ден имам совршен рецепт за крем салата-ладно предјадење. Ваквата салата може да ја послужите за било која пригода. Многу е вкусна, лесна и брза за подготовка, па дури може да биде и вашиот главен оброк. Верувам дека ќе ви се допадне, затоа не пропуштајте го овој рецепт.




Салатата не е калорична, а според мене е многу повкусна и од pycката салата. Кај мене дома, сите ја препознаваат како „Божиќната салата“, бидејќи лани за првпат ја подготвив на овој празник, а во текот на годината ја правев уште многупати, бидејќи сите ја обожаваме. Оваа година повторно ја правам за овој специјален ден. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 перца праз, 300 г пилешка салама или пилешко (мисиркино) филе, 3 тврдо сварени јајца, 400 г кисела павлака, 3-4 лажици мајонез. ПОСТАПКА: Исечкајте ги перцата праз на половина, така што ќе добиете 4 стебленца со средна големина. Исечкајте ги на тенки кругови, па на листови, колку што е можно поситно.




Ставете го сечканиот праз во еден подлабок сад, па потоа директно во него изрендајте ја саламата. Важно е да користите бело месо (салама) за оваа салата. Треба да ја изрендате на боцкавата страна од рендето, не на таа за крупно сечкање или нанадвор. Изренданата салама измешајте ја со сечканиот праз.




Ставете ги јајцата во големо тенџере. Прелијте ги со ладна вода. Покријте го тенџерето со капак и почекајте водата да зоврие, па намалете ја ринглата на средно-висока. Јајцата варете ги 6-7 минути на средно-висока температура за совршени тврдо, варени јајца.




Со помош на решеткава лажица префрлете ги во поголем сад со многу ладна вода и оставете ги да се изладат неколку минути. Или можете да ги ставите под ладна проточна вода за да го запрете готвењето. Ова исто така ќе им помогне на јајцата лесно да се лупат. Извадете ги јајцата од студената вода и веднаш излупете ги, па изрендајте ги од истата страна на рендето, како саламата.




Измешајте ги состојките, па додајте ја киселата павлака, соединете, па на крајот ставете го мајонезот. Салатата е подготвена уште веднаш за конcyмирање, а можете да ја ставите и во фрижидер, па да ја послужите подоцна. Ќе ви претставам еден интересен начин на послужување на салатата. Иако, тоа е ваш избор, салатата може да се послужи на повеќе начини.




Првиот начин е да ја распоредите во повеќе, помали садови и да ги распоредите на повеќе места од вашата празнична трпеза или во еден голем сад на средина од трпезата. Бидејќи ни претстои православен Божиќ, а рибата е едно од главните јадења кои се послужуваат на празничната трпеза, јас ќе ја направам во форма на риба и ќе ја декорирам.




За да ја обликувате салатата во риба не ви е потребна голема умешност и нема да ви одземе многу време. На една рамна, правоаголна чинија ставајте од салатата на средина, така што од едната страна ќе имате еден полукружен облик, на другата страна малку ќе проширите кон врвовите на чинијата, така што да добиете два полукружни завршетоци (погледни видео).




Иако салатата на овој начин нема да ви изгледа на риба, следно што треба да направите, е да ја декорирате со една маслинка од едната полукружна страна која ќе го претставува окото, а на средина да ставите тенко сечкани листови од ротквица, кои ќе се преклопуваат една врз друга, до половина. Целата декорација може да ја погледнете во видеото ОВДЕ.