Малку путер ќе го претвори белото месо во најсочното месо во свет, кое инаку е тврдо и тешко се џвака. Иако е најлесно за приготвување, бидејќи не мора да се готви со часови, сепак домаќинките одбегнуваат да го печат во рерна, зашто обично излегува суво.




Меѓутоа, доколку се приготви на вистинскиот начин, тоа ќе биде многу вкусно и сочно, а секој залак ќе се топи во уста. Само една мала коцкичка путер врз секое парче може да направи голема разлика и токму во тоа се состои тајната за приготвување на најмекото бело месо. За помалку од еден час можете да направите вкусен ручек како од најскапиот ресторан. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 парчиња пилешко филе, 2 лажици мешавина од суви зачини за пилшеко месо, 1 мала лажичка кромид во прав или гранули, 1 мала лажичка лук во прав или гранули, 1 мала лажичка сув рузмарин или мајчина душичка, 4 мали коцкички несолен путер




ПОСТАПКА: Месото измијте го под млаз ладна вода, исцедете го, отстранете ги евентуалните жилички, па добро натапкајте го со хартиена салветка за да се исуши од влагата. Налијте го со малку масло и направете по неколку плитки засеци на секое парче.




Потоа секое од парчињата добро зачинете го. Најпрво ставете сува мешавина специјално наменета за пилшеко месо, но може да користите каков сакате сув зеленчуков зачин по ваша желба. Добро протријте го зачинот за да навлезе во месото и во неговите засеци.




На ист начин додајте малку сув лук во прав и сув кромид, но секако, овие зачини се додаваат по личен вкус. Според мене, лукот во гранули на месото му дава неверојатен вкус и мирис, па затоа започнав редовно да го користам.




Откако месото добро ќе го зачините, наредете го во соодветен огноотпорен сад, да не е преголем, туку со средна големина. Врз секое парче месо ставете по една мала коцкичка путер, со приближна велчичина на супена лажица.




Одозгора наросете малку сув рузмарин или сува мајчина душичка (или комбинација). Овие зачини прекрасно мирисаат, а совршено одговараат речиси со секој вид месо. Загрејте ја рерната на 190 степени, па ставете да се пече 20-30 минути, а потоа оставете да отстои 5 минути пред послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.