Испечете си леб без квасец, кој е здрава замена за обичниот леб, а исто така се подготвува и многу побрзо. Брзо и лесно замесете леб без пченично брашно, јајца и квасец. Здрава опција во која можете да уживате без гpижа на совест.




Бесквасниот леб може да ги содржи сите состојки како и стандардниот леб – освен квасецот (кој се користи за лебот за нарасне во волумен и да го направи шуплив и мек). За жал, некои луѓе имаат потешкотија со дигестирање на квасниот леб, па бараат вкусни замени.




Доколку сакате да ја намалите консумацијата на леб, или пак имате дигестивни тегоби од квасецот, тогаш ова е совршениот рецепт за вас. Вака приготвениот леб е одличен извор на протеини и растителни влакна, а бидејќи се прави без јајца, погоден е и за вегани. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша од 200 мл): 1/2 чаша чиа семе, 1 чаша сусам, 3/4 чаша овесно брашно (може и овесни снегулки сомелени на блендер), 1 лажичка шеќер, 1 лажичка оригано, 1/2 лажичка сол, 1/4 лажичка лук во гранули/прав, 1 чаша вода.




ПОСТАПКА: Во еден послабок сад измешајте ги чиа семето, сусамот и овесното брашно. Додајте ја солта и шеќерот, ориганото и лукот во гранули. Сè добро измешајте со шпатула и прелијте со 1 чаша вода.




Измешајте ги состојките додека смесата да почне да се згуснува. За само две минути ќе забележите дека таа е згусната. Загрејте ја рерната на 160 степени. Подгответе еден долгнавест, а длабок калап за леб и обложете го со хартија за печење, па во него распоредете ја смесата.




Израмнете ја смесата и ставете лебот да се пече околу половина час во претходно загреаната рерна. Лебот се пече релативно кратко, па се вади од калапот сосе хартијата и се остава да излади за да испари од него влажноста. Потоа сечете го и послужете го.  Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за здрав леб:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г брашно (по избор), 500 г газирана вода, 2 лажици прашок за печиво, 2 лажици масло, 1 лажица сол, или по вкус. ПОСТАПКА: Загрејте ја рерната на 200 степени. Помешајте ги сувите состојки. Додајте ги постепено влажните состојки и замесете со рака. По потреба додајте уште вода.




Тестото префрлете го во калап и оставете да се пече 40-50 минути. Во бесквасниот леб можете да додавате и различни семки, јогурт или друг ферментиран производ. Ако користите млечни производи, тогаш не користете газирана вода.

Исто така, лебот пред печење можете да го премачкате со маслиново масло и да додадете сол и рузмарин. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.