Ова предјадење одлично се вклупува на мрсна слава, родендени или некој свечен ручек. „Полнети јајца“ се познат деликатес и вкусшност претставуваат тврдо варени јајца, излупени, пресечени на половина и полнети со паста подготвена од жолчката помешана со некои други состојки, како што се на пример мајонез и сенф.




Главно се послужуваат како ладно предјадење, прилог или главно јадење наменето за повеќе луѓе. Потеклото на ова јадење може да се види во рецептите за варени, зачинети јајца уште во стариот Рим, каде традиционално се послужувале како прво јадење.

рецепт 1




Денес е многу популарно во целиот свет, особено во Европа и Северна Америка. Ќе ви предложиме неколку рецепти како и вие да ја збогатите вашата славска трпеза. Сите се интересни и вкусни, а колку и да направите, гарантирано ќе ви се потроши целата количина. Никој не може да им одолее на овие вкусни залаци. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 варени јајца, 200 г крем сирење, 100 г мајонез, 100 г сенф, сол, цен пипер, праз или млад кромид

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 тврдо варени јајца, 2 супени лажици млечен намаз/крем сирење, 1 супена лажица мајонез, 1/2 мала лажичка кечап/доматно пире, 1 лажица „сардел“ паста/сенф, 2 кисели краставички (ситно сечкани или рендани), малку магдонос и власец, копар за декорација, сол по вкус

рецепт 2

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 2 супени лажици мајонез (или повеќе по потреба), 1 мала лажичка сенф, 1 супена лажица кисели краставички, 1 супена лажица млад или обичен кромид, зачини: сол, црн пипер, мелена зачинска пиперка..

рецепт 3




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во еден сад помешајте ги крем сирењето, сенфот и мајонезот. Јајцата сварете ги и исечете ги на половина по должина. Извадете ги жолчките, па нив испасирајте ги со виљушка.




Потоа додајте ги во чинијата со смесата од крем сирење и сето добро измешајте го. Зачинете по желба и полнете ги половинките белки. Декорирајте со сечкан праз, младо кромитче или нешто зелено.




ПОСТАПКА за рецепт 2: тврдо варените јајца оладете ги под млаз ладна вода, малку потчукнете ги и нежно протријте ги низ дланките за полесно да се одвојат од лушпата. Преполовете ги надолжно. Извадете ги жолчките и испасирајте ги со виљушка. Додајте сердел паста или сенф и останатите наведени состојки.




Од добиената смеса обликувајте топчиња со големина на орев и ставајте ги во празните вдлабнатини на белките. Украсете со копар или по желба. Ако смесата ви излезе поретка, тогаш ставете ја во шприц за торти, или како мене, со помош на виљушка направете ритчиња и на врвот ставете мариниран копар.




ПОСТАПКА за рецепт 3: Јајцата тврдо сварете ги, па кога ќе се оладат пресечете ги надолжно на половина и извадете ја жолчката. Испасирајте ги со виљушка, па додајте им мајонез и сенф и промешајте до изедначување.




По потреба додајте и повеќе мајонез, во зависност од тоа колку редок сакате да ви биде кремот. Додајте ги ренданите или ситно исечканите кисели краставички (исцедете ги од сокот) и ситно сечканиот кромид, зачинете и промешајте. Со смесата полнете ги јајцата и декорирајте по желба.