Оваа билка со векови се користела во народната медицина, а многумина ја одгледуваат поради уникатниот и декоративен изглед.
Освен што има неверојатни лековити десјтва, чуваркуќата е билка која ја штити куѓата од негативни влијанија а токму поради тоа е идеален начин од неа да си направите најубави новогодишни украси.
Според народните верувања, чуваркуќата е билка која ја штити куќата од оган или удар од гром, па затоа врз куќите, особено на Балканот, на крововите може да се забележи ова растение.
Со векови се користи во народната медицина, а многумина ја одгледуваат поради уникатниот и декоративен изглед.
Колку и да звучи необично, новогодишните декорации од чуваркуќа станаа омилени на интернет. Елка од чувар куќа – се прави многу лесно од дрвена или метална основа во облик на тријаголник, а потоа се додаваат цветчиња чувар куќа. Освен што е зелена и потсетува на вистинска елка, меснатите листови на чуваркуќата и даваат посебен изглед.
Чуваркуќата е често ѕвезда во новогодишните аранжмани и лесно се комбинира со други украси. Исто така, венец од сукуленти претставува идеален украс за на врата.
Украс од чувар куќа е најубавиот начин со кој во својот дом ќе го внесете празничниот дух и волшепствата од природата. Сочувајте го животот на уште една елка, а после празниците задржете ја чуваркуќата и негувајте ја.