Home Рецепти Рајски десерт – ФАНТАСТИЧНА ТОРТА која не се пече, а потребни ви...

Рајски десерт – ФАНТАСТИЧНА ТОРТА која не се пече, а потребни ви се само 4 состојки

Торта која многу брзо се приготвува и што е уште подобро – не се пече и потребни се само 4 основни состојки. Добро е што постојат вакви рецепти со чија помош може да се приготват брзи и вкусни десерти.

За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен и деликатен вкус. Пробајте ја, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија…)
250 г мелена плазма (бисквити)
400 г нутела/еурокрем или друг лешников крем
100 г путер

Постапка:

На пареа (или во микробранова печка) растопете го путерот со една лажица нутела. Со оваа смеса прелијте ги мелените бисквити, промешајте и оставете сè во фрижидер.

Остатокот од нутелата/еурокремот помешајте го со крем сирењето и добро изматете со миксер. Добиената смеса исто така ставете ја во фрижидер да отстои.

Потоа извадете ја од фрижидер смесата за основа (треба да е малку стврдната и префрлете ја во калап за торти.

<

Користете чаша за да израмнете правилно. Одозгора сипете го филот со крем сирење инутела. Вратете во фрижидер да отстои 20 минути за да се стегне убаво.

Тоа е тоа, вашата торта е готова а се вика Рајски десерт. Изгледа преубаво и има неодолив вкус. Комбинацијата од крем сирење со нутела е нешто навистина посебно.

Тортата не е прескапа иако содржи квалитетни состојки и едноставна за приготвување. Одозгора како декорација наросете кршени лешници, мелени бисквити или нешто друго по ваш вкус.

receрti.сom