Меки кифлички! Овој рецепт е закон за кифли – меки како душа

Потребни состојки:

1 кг брашно

300 мл млеко

1 коцка квасец

400 мл млака вода

Loading...

2 јајца

200 мл масло

1 лажичка шеќер

3 лажички сол

300-400 г ситно дробено сирење

Сусам

150 г путер/маргарин

1 јајце за премачкување

Постапка:

Во млако млеко разматете го квасецот, додадете лажичка шеќер и оставете да надојде. Во сад за мешање ставете брашно, сол, потоа додадете го надојдениот квасец, вода, јајца и масло.

Сето соединете го и месете додека да добиете меко и мазно тесто. Оставете тестото да надојде околу 30 минути.

Повторно малку премесете, поделете на два дела и развлечете го тестото до 2 см дебелина. Поделете го на 16 еднакви делови, ставете фил и виткајте кифлички.

Кифличките редете ги во подмачкан плех, секоја премакајте ја со разматено јајце, ставете малку сусам и коцкичка путер/маргарин.

Печете на 250 степени околу 15 минути.

Loading...