Оваа торта порано задолжително се приготвуваше на секој роденден или прослава поради економичноста, но и богатиот вкус. Поради должината го домил името „метар колач“, совршено се сече на иделани парчиња за послужување. Порано кремот за филување го приготвувале со маргарин, но денес има многу вкусни путери, што секој по свој избор може да си го прилагоди вкусот.
Освен тоа, во оригиналниот рецепт за кремот се користи само еден пудинг, но оние што сакаат да добијат повеќе кремаст колач може да стават два пудинзи. Секој според својата креативност, основниот крем може да го подели во два, па во едниот да стави чоколадо или мелени ореви, па да добие поразлична, уште повкусна торта. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 250 г брашно, 200 г шеќер, 4 јајца, 2 супени лажици какао во прав, 150 мл масло, 150 мл вода, 1 кесичка прашок за печиво (10 г). ЗА КРЕМ (прв предлог): 200-250 г шеќер во прав, 250 г путер или маргарин, 300 мл млеко, 1 пудинг со вкус на ванила. И уште: 1 чоколадо.
ЗА КРЕМ (втор предлог): 800-900 мл млеко, 250 г шеќер, 2 кесички пудинг од ванила или по ваш вкус, 1 путер (200-250 г) и 1 чоколадо.
ПОСТАПКА: Два големи плеха од рерна обложете ги со хартија за печење, а рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Изматете 4 жолчки со 200-250 г шеќер (може и помалку, по вкус), додека да се растопи шеќерот и да добиете мазна, густа, кремаста смеса.
Потоа во тенок млаз додајте 150 мл вода и 150 мл масло додека непрекинато матите, па 250 г остро брашно помешано со 1 прашок за печиво. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека со лажица промешајте ги во смесата со жолчки, на неколку наврати за да добиете пенлива, воздушеста смеса.
Половина од добиеното тесто излејте го во едниот плех и израмнете, а во другата смеса додајте какао во прав, изедначете, па темното тесто излејте го во вториот плех. Ставете ги бисквитите на печење во загреаната рерна на 180 степени и проверете со чепкалка кога се готови. За тоа време пригответе го кремот:
Сварете го пудингот на вообичаен начин: одвојте малку од млекото и разматете го прашакот во мазна смеса без грутчиња, а остатокот заедно со шеќерот ставете го на оган. Кога млекото ќе зоврие и шеќерот ќе се растопи, намалете го огнот и додајте го разматениот пудинг со непрекинато мешање.
Варете го пудингот додека да згусне, па тргнете го настрана и оставете го да се олади целосно со повремено промешување за да не фати коричка. Путерот омекнат на собна површина пенасто изматете го заедно со шеќерот во прав, па соединете го со изладениот пудинг (путерот и пудингот треба да бидат на иста собна температура).
Печените и изладени бисквити исечете ги на четири долги ленти (или три, ако сакате поширока торта). РЕДЕЊЕ: жолта кора-фил-кафеава кора-фил-жолта кора-фил и се така додека да се потроши материјалот. Ќе добиете две големи, долги торти. Со истиот фил се премачкува целиот колач одозгора и се прелива со растопено или рендано чоколадо. Пред послужување треба добро да излади во фрижидер. Сооlinarika.сom