КРЦКАВ ПИТА-КОЛАЧ: Во пудингот изрендајте ги јаболката и за 15 минути е готово

Подготовката на овој крцкав колач не одзема долго време, а интересно е тоа што во пудингот со ванила директно се рендаат јаболката. Вкупно сè е спремно за 15 минути, а потоа се става на печење. Овој колач многу потсетува на традиционалниот американски колач со јаболка, ова е малку унапредена верзија.




Рецептот на Драгана изгледаше толку добро што морав веднаш да го направам. Целата куќа мириса прекрасно, додека се пече овој колач, кој вреди да си го направите. Еве кои состојки ќе ви бидат потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 150 г путер на собна температура, 1 јајце, 1 прстофат сол, 50 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, половина лажичка прашок за печиво, 300 г брашно (бело, сенаменско брашно, тип 500). ЗА ФИЛ: 1 јајце, 50 г шеќер, 200 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 3 јаболка (нека бидат послатки), + малку цимет за наросување (по желба).




ПОСТАПКА: Најпрво се подготвува тестото. Отприлика 1 час пред да почнете со подготовката, путерот и јајцето се оставаат да отстојат на собна температура минимум 1 час. Путерот треба да биде добро омекнат. Во еден сад, ставете го путерот, а потоа додајте 50 г шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер.




Издробете ја смесата во виљушка или ако ви е полесно, може и со миксер. Претходно измешајте ги брашното, солта и прашокот за печиво, па додајте ги во смесата со путерот и шеќерот и добро измешајте. На крајот се додава јајцето и се формира тесто кое треба да биде компактно и тврдо при допир.




Тестото веднаш се поделува на 2 еднакви делови, т.е може едниот дел да биде за нијанса малку поголем од другиот. Тестата се виткаат во проѕирна фолија, па поголемиот дел се става во фрижидер, да отстои 15 минути, а помалиот дел во замрзнувач. Во меѓувреме се подготвува филот.




ЗА ФИЛОТ: 1 јајце, 50 г шеќер, 200 мл млеко и 1 кесичка ванилин пудинг се соединуваат со жица/маталка во едно тенџере. Кога ќе ја измешате смесата да биде без грутки, тенџерето се префрла на ригла и се готви на средна температура додека пудингот да се свари и да ја добие потребната густа конзистентност, со постојано мешање.




Тенџерето тргнете го од рингла, па во пудингот изрендајте 3 цели јаболка (јас намерно одбирав поблаги). Соединете ги состојките додека јаболката фино да се распоредат во пудингот (можете и со миксер).




Земете го поголемиот дел од тестото, ставете го на хартија за печење и со оклагија развлечете го во големина по плехот кој ви соодвествува за овој колач. Најдобро е да користите коцкаст плех, да биде помал, отприлика со димензии 22х22 см.

Развлечете го поголемото тесто во таа димензија и сосе хартијата за печење ставете го во плехот. Веднаш одозгора се премачкува со филот од пудинг и јаболка и убаво се израмнува. Потоа, од замрзнувач се вади помалото тесто и се ренда одозгора врз филот додека целосно да се покрие. По желба, врз кората наросете малку цимет.

Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, а времетраењето е отприлика 35-40 минути, додека да фати убава, златна коричка одозгора. По печењето, колачот се послужува на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаОмилениот МЕТАР колач: се пече во два плеха и од малку состојки се добива голема, долга торта
Следна статијаОВАА САЛАТА ЗАМЕНУВА ЦЕЛ ОБРОК: Кога ќе ја пробате, ќе сакате пак да ја направите