Ако сакате да направите добра закуска, со овој рецепт нема да згрешите. Сите ме прашаа од каде ми е рецептот, а јас им велам дека го најдов на интернет. Многу е вкусно и заситно, може да замени цел оброк.




За подготовка на ова лепче, не ви треба посебна вештина и да знаете да месите. Сето тоа е добро oсмислено и практично, за оние што не се снаоѓаат добро во подготовка на тесто и за оние кои немаат време да месат. Филувањето е по ваш избор, подолу прочитајте го предлогот кој оди конкретно со овој рецепт.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 2 јајца, 4 големи лажици кисела павлака/крем сирење, 4 големи лажици мајонез, 9 големи лажици брашно. ЗА ФИЛОТ: 2 виршли/колбаси, 1 домат, 1 кисела краставичка, 80 г кашкавал, магдонос, 3 големи лажици качап или доматен сос.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги две јајца, малку разматете ги пенасто со виљушка и веднаш додајте 4 големи лажици кисела павлака, а може и крем сирење или грчки јогурт. Соединете со жица/маталка, па додајте го 4 големи лажици мајонез.




Измешајте ги фино состојките, па започнете да го додавате постепено брашното. Вкупно треба да додадете 9 лажици брашно. Соединете со жица/маталка додека целосно да се инкорпорираат состојките. Во тестото не се додава сол, бидејќи веќе во мајонезот има доволно, но сепак можете да пробате малку од смесата, па доколку сакате посолено, може да додадете.




Тестото нема да биде со класична конзистентност како за пица, туку ќе биде лелеаво и помалку лепливо (може да додадете уште 1-2 лажици брашно). Оставете го садот со тесто настрана, а за тоа време подгответе го филот:




Исечкајте ги виршлите/колбасите на кругови, доматот на тенки листови и краставичките на ситни кругови. Потоа изрендајте го кашкавалот на најкрупната страна од рендето. Земете 1 китка магдонос, измијте ја и исечкајте ја ситно.

Во нелепливо тавче на ниска температура ставете 1 лажица масло и почекајте минимално да се загрее. Потоа излејте го тестото и рамномерно распоредете го со шпатула и оставете да се готви на ниска температура.




Врз тестото со лажица премачкајте 3 лажици доматен сос или кечап, па наредете ги круговите од месните виршли. Може да користите и некое друго сувомеснато по ваш избор. Наредете ги краставичките, доматите, и на крај распоредете го ренданиот кашкавал.




Покријте ја тавата со капак и гответе уште 5 минути. Потоа наросете со магдоносот, повторно покријте со капакот и гответе уште малку време додека кашкавалот целосно да се растопи (ќе ви бидат потребни уште најмногу 5 минути за тоа).

Извадете ја пицата од тавчето и пресечете ја на посакуваните парчиња. Тестото има одличен вкус, а олеснително е тоа што не треба да се чека да стасува или да се потребни многу состојки за да се направи.

Останати предлози за фил: Ароматичното лепче може да го филувате со лук и кашкавал, павлака, магдонос. Втора опција е да замените виршли со шунка, може да додадете и печурки. Интересна идеја е да направите и веганска опција или лепчето да го направите само со кашкавал. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.