Направете колач со праски кој одлично ќе го замени прочуениот десерт наречен „Туфахија“, а кој традиционално се приготвува со јаболка. Овојпат јаболката заменете ги со праски и испечете ги во рерна со неколку вкусни додатоци.




За овој десерт е потребно да одберете крупни плодови од сортата „нектарини“ чија лушпа е тенка и мазна. Откако ќе ги испечете вкусните праски, можете да ги послужите со топка сладолед или шлаг.




Праските се наросуваат и со сосем малку кафеав шеќер, а наместо него може да користите и обичен, или некој засладувач по ваш вкус. Многу лесно се приготвува, овој колач им успева и на почетници, а можете да го приготвувате и заедно со вашите деца. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 крупни нектарини/праски, 8 лажички мешавина од сечкани јаткасти плодови (мешавина од бадеми, индиски орев, ореви, лешници..), 8 прстофати шеќер, 4 лажички кокосово масло (може и обично, неутрално, но кокосовото дава поубав вкус и мирис).




ПОСТАПКА: Праските добро истријте ги со паста направена од сода бикарбона и малку вода. Оставете ги отстојат неколку минути, па добро исплакнете ги под млаз ладна вода. Со овој чекор не само што ја измиете лушпата, туку и ќе обезбедите цврстина на плодот.




Внимателно секоја праска пресечете ја на половина и извадете ја семката. Половинките наредете ги во огноотпорен сад обложен со хартија за печење. Во секоја вдлабнатина ставете по една лажичка сечкани јаткасти плодови.




Може да ставите и само ореви или само бадеми, она што имате или по ваш вкус. Исто така, кој сака може да додаде и суво грозје претходно натопено во сок или рум. Одозгора наросете по половина лажичка шеќер.




Наросете и малку кокосово масло (ако е во тврда состојба, ставете одозгора по половина лажичка). Вака приготвените праски ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени, околу 15-20 минути. Послужете ги со топка сладолед или шлаг. Деталите погледнете ги ОВДЕ.