Паштицада е традиционално и репрезантативно јадење кое се спрема од говедски бут во специјален сос и е мошне омилено јадење во Хрватска. Често се нарекува и далматинска паштицада, бидејќи потекнува од Далмација. Во Далмација, секое семејство и секој регион има свој рецепт за ова празнично јадење.
РЕЦЕПТ:
Килограм говедско месо од бут се двои од коски, се потопува во винска киселина и се остава да отстои 10-12 часа. После тоа месото се вади од оцетот, се брише и се шпикува со лукче и тенко исечена сланина.
Во една шерпа се става месото и масло колку што е потребно за таа количина месо, иако секогаш е подобро да се стави малку повеќе, 2-3 главици црвен кромид преполовени, сол, црн пипер и сетоа заедно да се пржи додека кромидот да пожолти.
После тоа во месото постепено додадете една чаша добро црвено вино, постојано мешајќи додека виното да се зготви.
Додека се приготвува паштицадата, од коските треба да се свари супа во која сте додале неколку каранфилчиња. Со оваа супа се налева месото. Пред да биде месото целосно сварено, извадете го и исечкајте го на парчиња, вратете го во шерпата и уште малку доварете го за месото да се натопи во сокот.
Кој сака, во ова јадење може да стави неколку суви сливи и со нив да се готви јадењето. Паштицадата се сервира во овален сад со макарони, шпагети или компир, со рендан кашкавал во посебен сад.