Празова вода: кажете им збогум на холестеролот, дијабетесот и вишокот килограми без посебен труд и мака

Терапијата трае еден месец, а празовата вода се пие двапати во текот на денот, пред оброк, наутро и навечер.

Потребни состојки:

1 шише минерална, газирана вода

¼ страк праз

Постапка:

Отворете го шишето и ставете внатре ¼ страк од праз (пресечен на половина и половината пресечена надолжно). Оставете во фрижидер да отстои еден ден. Откако ќе изминат 24 часа, празовата вода е подготвена за пиење.

Секој ден се пие по една ракиена чашка, двапати дневно, пред јадење. По еден месец, направете контрола на крвта, резултатите треба да бидат задоволувачки, а холестеролот намален.

Природните газирани води содржат: натриум, калциум, калиум и магнезиум, во совршен баланс кои му одговараат на организмот. Покрај тоа, овие катјони се надополнети со анјони: сулфати, хлориди, бикарбонати и флуориди, кои заедно со биофлавоноидите на празот помагаат во отстранувањето на холестеролот од крвта и заштитување на крвните садови.

Дејство: при контакт на празот со минералната вода, се ослободува азот оксид, природен гас кој ги релаксира крвните садови. Важна е и улогата на Б витаминот фолати со кој се одржува нормалното ниво на хомоцистеинот. Исто така се ослободуваат и полифеноли кои играат директна улога во заштитата на крвните садови и крвните клетки од оксидативната штета.

Празовата вода помага и при лекување на дијабетес тип 2, дебелина, атеросклероза, алергии на дишните патишта и ревматоиден артритис.

Забелешка: во текот на терапијата треба да внимавате на исхраната, да одбегнувате пржена и мрсна храна, „џанк фуд“и многу слатки, а да ја применувате медитеранската диета.

Loading...