Станува збор за неколку методи кои се едноставни а многу ефикасни. Во тоа се состои нивната генијалност. Јас пробав, пробајте и вие, нема да бидете разочарани.

1.Сода бикарбона

Натопете ги алиштата во смеса од 4 литри вода и 1 чаша сода бикарбона. За неколку часа ќе забележите како се враќа нивната примарна боја која станува поинтензивна.

2.Оцет и лимон

Ова е уште една генијална мешавина за отстранување на дамки од облеката – помешајте ги двете состојки во еднаков однос со својот детергент и исперете ги алиштата вообичаено.

3.Аспирин

Ова ми го откри сосетката и навистина делува: здробете 6 аспирини и додадете ги во садот со вода каде ќе ги киснете алиштата 30 минути. Исперете ги вообичаено и дамките ќе исчезнат.