Многу од жените кога ќе ги минат 40-тите години се соочуваат со стареењето на лицето. Брчките кај некои се помали, кај некои поизразени, но едно е заедничко за сите – секоја жена сака да се ослободи од нив.

арганово масло

Поради тоа, една жена од Сараево одлучила со сите да го сподели стариот турски рецепт за отстранување на брчки околу очите, кој и помогнал да постигне неверојатен резултат.

Имам 48 години и со време брчките на моето лице станаа поизразени.

Почнав да забележувам дека кога ќе ставам пудра изгледам уште полошо, бидејќи навлегува во брчките па така делувам како порцеланска кукла.

Тој проблем многу ми пречеше и ми се чинеше дека повеќе никогаш нема да бидам убава.

Знам дека мора да старееме, но тешко се помирував со тоа дека за некоја година ќе бидам целата збрчкана. Немав пари за скапи третмани, ниту некогаш би сакала да направам некоја естетска корекција, но бев многу незадоволна од својот изглед, се додека еден ден не ја запознав Турчинката Фатма од Ескишехир.

Повозрасна од мене, а лицето и беше целото мазно и чисто. Преубавиот тен ме воодушеви. И дадов комплимент и ја прашав што користи за нега на лицето, а таа ми откри дека лицето го негува само со вода и чисто арганово масло.

Ме посоветува и јас да се обидам исто, и дека после 15 дена ќе видам голема разлика.

По нејзина препорака, најдов чисто арганово масло, а мора да напоменам дека во Сараево има различни видови од ова масло, а најчесто некои мешавини. Јас најдов чисто арганово масло по цена од 34 KM, за количина од 30 мл.

кокосово масло

Наутро и навечер после миење го нанесував маслото и после седум дена почувствував дека лицето ми е како свила, а како што рече Фатима, после 15 дена забележав дека брчките исчезнуваат.

Запамтете, важно е маслото да биде чисто, а со мешавина нема да се постигне истиот ефект.

Од средбата со Фатима поминаа четири месеци, моето лице изгледа преубаво и морам да признаам дека сум многу задоволна. Оние подлабоки брчки не исчезнаа целосно, но веќе не се длабоко врежани и гледам дека полека се намалуваат.

Сега секое утро и навечер со радост го мијам своето лице, среќна сум бидејќи конечно пронајдов природен препарат кој ми помогна, а чија цена е прифатлива.

Ви препорачувам и вам да го пробате овој рецепт, а сега јас, како што мене Фатима, ви ги гарантирам резултатите!“ – напишала жената.