-Младата Србинка поради семејни и здравствени проблеми му се обратила на исцелителот Зоран Т. попознат како “Триша видовњакот” и со тоа, како што таа вели, својот живот си го претворила во вистински пекол…
Некои од исцелителите во Србија и општо на Балканот имаат исклучително непристојни “методи”, а еден маж кој се претставувал како Триша исцелителот, на една Србинка се обидел да и ја “симне” магијата со секс.
Жената на овој исцелител му “платила” со своето тело, а сега ги предупредува и другите да не наседнуваат на истиот трик, бидејќи тој на овој начин и го уништил животот.
Младата жена, имено, поради семејни и здравствени проблеми, му се обратила на исцелителот Зоран Т, наречен Триша и со тоа животот си го претворила во пекол.
Во својата исповед таа тврди дека самонаречениот исцелител за злоставувал сексуално, дека и го уништил бракот и семејството и дека денес едвај оди и се движи.
Таа моли да се спречи овој човек да не го работи повеќе тоа за да не настрадаат и други жени.
Оваа жена својата исповед ја изнела на интернет страницата за измамени жртви од лажни исцелители. Таа вели дека животот и го уништил Маг од околината на Белград, чие име го навела.
Еве што се случило:
-Зоран Т. Е најголемиот измамник во Србија, наречен Триша исцелителот. Работи преку фотографии, преку хипноза, ме присилуваше во бесвесна состојба да се соблечам, ме присили на орален и анален секс.
Ми ги допираше градите, додека мојот маж и син ме чекаа пред куќата, бидејќи сите поединечно не внесуваше во соба… – напишала оваа лековерна жена.
Вели дека долго време за тоа не можела никому да му го раскаже, да се довери, бидејќи се срамела од она што и се случило.
-Останавме без пари, не можам ни да одам ни да се шетам по улица, ми го уништи бракот и сите не направи будали. На нашата куќа и нанесе многу зло и оттогаш ништо не ни оди како што треба.
И денес врши притисок врз мојот ум и моето тело. Правам неконтролирани движења.
Семејството ни е уништено и не знаеме што се случува – сведочи оваа жена која е убедена дека исцелителот и натаму влијае на неа и дека е главниот виновник за нејзината состојба.
Таа ги предупредува другите дека станува збор за видовњак кој се рекламира како човек кој може да предвиди и да “симне” магија дури и преку фотографии.
-Верувам дека еден ден ќе му плати на Бог за сите свои зли дела, а се надевам и на полицијата – вели очајната жена.
Исцелителот кој на оваа жена и ја “симнувал” магијата со секс, не е единствениот кој на овој начин ги злоставува наивните луѓе.
Пред шест години во околината на Ваљево еден ист ваков човек завршил на суд бидејќи тврдел дека отстранува магии со бањање на клиентките во “магична вода”.
Клиентките голи ги бањал во леген, а на една и рекол дека нејзината магија е толку многу силна, што ќе мора да ја преземе врз себе со секс.
Жената се согласила, а после три третмани, вклучително и секс, му платила на исцелителот 500 евра и уште му дала и златно ланче.